Болката во телото е еден од главните симптоми на омикрон

2 mins read

Досега новиот вид омикрон е откриен во 63 земји во светот, а Светската здравствена организација (СЗО) вели дека ќе го надмине делта сојот во заразата. Експертите се чини дека се помалку загрижени за сериозноста и симптомите на омикрон, пишува „Тајмс оф Индија“.

„Податоците што ги имаме за омикрон се сè уште ограничени. Иако прелиминарното истражување од Јужна Африка вели дека е помалку опасен од делтата, а сите случаи пријавени во Европа биле или благи или асимптоматски, сè уште не е јасно колку омикронот би можел да биде помалку опасен. „Потребни се повеќе податоци за да се разбере колку е сериозен“, велат од СЗО.

И додека новиот вид, полн со мутации, е заразен, симптомите засега се благи. Еден од главните знаци на инфекција со омикрон е болката во телото. Според општ лекар д-р Унбен Пилај од Јужна Африка, ноќното потење придружено со силна болка во телото може да укажува на инфекција со омикрон.

Болката во телото е знак на инфекција. Тоа е знак на воспаление предизвикано од вашиот имунолошки систем бидејќи се бори со странски патоген. Иако инфекцијата со претходните видови може да предизвика болка во телото, таа беше поретка отколку, на пример, треска и кашлица.

Еден од најпознатите симптоми на ковид-19 е губење на сетилото за мирис и вкус, но според д-р Ангелик Куче, докторот кој прв го откри сојот омикрон, губење на чувството за мирис и вкус во новиот вид не е толку вообичаено.

Блага треска, силна болка во телото, замор, гребење во грлото наместо болки во грлото, што е невообичаено, како и ноќно потење се некои од вообичаените симптоми на омикрон.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Основци од Гази Баба украсуваа елка заедно со градоначалникот

Следно

Демократски сојуз: Минимална плата од 300 евра и пензија 200 евра

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian