Арсенал му ја одзеде капитенската лента на Обамејанг

1 min read

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, во договор со управата на клубот, му ја одзедоа капитенската лента на Пјер-Емерик Обамејанг поради прекршување на дисциплинските правила.

Поради оваа причина, Обамејанг не настапи на саботниот натпревар против Саутемптон кој „топчиите“ го добија со 3:0.

Иако од Арсенал не наведуваат за какво прекршување на дисциплинските правила станува збор, англиските медиуми пишуваат дека Обамејанг доцна се вратил од Габон.

Денеска клубот потврди дека Обамејанг повеќе нема да биде капитен, а исто така нема да игра ниту на натпреварот против Вест Хем.

„Поради последното прекршување на дисциплинскиот правилник минатата недела, Пјер-Емерик Обамејанг, повеќе наме да биде наш капитен и нема да игра на натпреварот против Вест Хем“, соопшти Арсенал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Втора хуманитарна акција на Кристијан Станковски – Бомбакис

Следно

Рускот амбасадор во Србија: Состојбата на Балканот е загрижувачка

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian