ВИДЕО | Јовановска: Оптимисти сме за туристичката 2022 година

2 mins read

Затворањето на границите, стравувањето од ширење на корона вирусот, ПЦР тестови, сертификати. Ова се само дел од мерките од новата реалност кои ги доведе пандемијата предизвикана од коронавирусот.

Ваквата пракса можеби беше логична, но едно е сигурно погоди голем број економски сектори, меѓу нив туризмот.

Но гледано од денеска, атмосферата е порелаксирана, а со тоа и движењето на луѓето согласно неопходните протоколи.

Повторно се отворени голем број туристички дестинации кои се подготвени да примаат гости, а со тоа се бележи и раст на понудата на туристичките агенции во земјава.

Пред нас се новогодишните празници, но на пазарот веќе се распродава и следната летна сезона.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со Марија Јовановска, туристички работник и управител на туристичка агенција „Травити“.

-Сѐ уште се одржуваме како агенција. Состојбата е прилично поволна за разлика од минатата година. Туристите сѐ уште немаат пракса за рано уплатување. Порано имаше пракса луѓето рано да уплаќаат и да кажеме се уплаќа нешто што е за една недела. Така за да се вратиме на старите навики ќе треба уште подолг период, вели таа за Утрински брифинг.

Пандемијата е сѐ уште присутна. Луѓето се уште активно се разболуваат и не е така лесно да се опстои. Тури се организираат највеќе во сосседните држави – Србија, Бугари, Грција, Албанија, Романија, држави каде нема толку строги протоколи за движење, коментира Јовановска.

-Нема голем интерес за славење на Нова година, затоа што славењето е веќе екслузивност. Луѓето се заинтересирани за зимски дестинации, Србија и Бугарија, ввели таа.

Јовановска вели дека во однос на домашните дестинации, анегцијата со задоволство ги нуди, но граѓаните во Македонија, особено кога се индивидуални аранжмани, немаат многу голема пракса како букирање преку агенции. „Ние како агенција имаме ексклузивни цени, но сепак луѓето се посигурни во тоа сами да си ја завршат работата“, додава таа.

-Моментално за да излезеш од Македонија мораш да имаш или вакцина или негативен ПЦР, вели Јвановска.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во САД бројот на починати од Ковид-19 достигна 800.000 лица

Следно

Дневен хороскоп за 13 декември: Потребно е да ги одбраните своите ставови

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian