ВИДЕО: Мицкоски со омилената аналогија на Римјаните и Мусолини: Се обединуваме како гранки во сноп

1 min read

Старо-новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој вчера како единствен кандидат беше избран за претседател на партијата, во својот говор пред делегатите на конгресот ја искористи познатата аналогија со тенките гранки кои добиваат сила кога се поврзуваат во сноп, која во историјата ја употребувале Старите Римјани, но и партијата на италијанскиот фашистички диктатор Бенито Мусолини.

„Се обединуваме како тенки гранки собрани на едно место и во еден сноп кои стануваат непобедливи и нескршливи. Победите не се промената која ја бараме, туку се само шанса да ја создадеме промената, да ја создадеме новата иднина“, рече Мицкоски пред партиските делегати.

Аналогијата со снопот од гранки потекнува од Стариот Рим, а во 20-от век таа стана дел од иконографијата на италијанските фашисти. Партијата чиј основач бил Мусолини, Фаши Италијани ди Комбатименто (подоцна Национална фашистичка партија), дури и го позајмила своето име од приказната за врзопот (на италијански: fascio, од латинското fascis – сноп), во кој инаку тенките и кршливи гранки добиваат сила и издржливост. Врзоп од гранки со секира во средината служел и како амблем на италијанските фашисти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ерупција на Канарските острови: 33.000 луѓе мора да се засолнат од вулкански гасови

Следно

Минимален пораз на Пелистер од Широки во АБА 2 лигата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian