ВИДЕО | Ивановска: Господар на општеството е граѓанинот, институциите се слуги

1 min read

По конференцијата за Денот за борба против корупцијата гостин во Утрински брифинг беше претседателката Билјана Ивановска со која поразговаравме за состојбите со корупцијата и непотизмот во државата, како и за неколку горливи случаи актуелни во јавноста во последниве денови.

-Ние имаме консултативна улога и не може да се каже дека голем број наши препораки се земаат предвид од страна на институциите. Станува збор за прифатени и постапени околу 30 отсто од нашите предмети, вели Ивановска.

Таа вели дека корупцијата е состојба на умот и дека луѓето на секоја возраст и во сите сфери треба да се учат на вистинските вредности и да се зајакне свеста кај граѓаните дека институциите им ги должат услугите, а кога некој службеник ќе биде пријавен ќе се замисли како ќе постапи.

Во ситуација кога граѓаните немаат доверба во институциите прашање е каде треба да се обратат. Ивановска вели дека луѓето треба да бидат информирани за сите работи за кои треба и за кои не треба да платат. Прва граѓанска должност е да се побара фискална сметка за сѐ за што се плаќа, за секоја услуга.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Престрелка во Тексас- Едно лице загина, 14 се ранети

Следно

Црногорскиот Парламент ќе одлучува за судбината на Владата на Кривокапиќ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian