ВИДЕО | „And Just Like That“… тој е жив!

2 mins read

Фановите, но и самите ликови во серијата „And Just Like That“, која е продолжение на легендарната „Сексот и градот“, по трагичната смрт на „Mr. Big“ во првата епизода на римејкот се прашуваат – дали Пелотон собниот велосипед е причината за неговата смрт? Па, Пелотон одговори на прашањето.

Можеби ликот на „Mr. Big“ почина, но Крис Нот е многу жив. А компанијата Пелотон, чиј собен велосипед беше дел од последните сцени на неговиот лик, итро возврати на бројните дискусии дали можеби токму велосипедот и спортската активност беа причината за неговата смрт.

крис нот
Фото: Принтскрин / Instagram

67-годишниот актер, кој го игра „Mr. Big“ во серијата продолжение на „Сексот и градот“, се појави во новата реклама на Пелотон, во која глуми заедно со инструкторката Џес Кинг, која во првата епизода на серијата се појавува како инструкторката Алегра која го води Биг низ последното негово возење.

„За нови почетоци“, вели тој во рекламата, на која Џес одговара: „За нови почетоци… изгледаш одлично“.

крис нот пелотон
Фото: Принтскрин / Instagram

“Се чувствувам одлично. Дали одиме на уште едно возење? Животот е премногу краток“, продолжи тој

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Peloton (@onepeloton)

„И токму така, светот се потсети дека редовното возење велосипед го стимулира и подобрува вашето срце, бели дробови и циркулација“, брзо се слуша како Рајан Рејнолдс на крајот со дополнителни здравствени факти пред да заклучи: „Тој е жив“.

„Можете да отпишете лик, но не и вредноста на кардио. Вози на! @onepeloton“, додаде Џес на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Лига Европа: Елмас ќе игра против Барса, Севиља е ривалот на Адеми и Ристовски

Следно

Скопјанец покрена акција: Доколку ви преостанува храна за донација, јавете се!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian