Оженет маж со љубовница едно попладне воделе љубов кај неа во станот. Заспале, па се разбудиле дури околу 21 часот. Мажот набрзина се облекол и побарал од љубовницата да ги изнесе неговите чевли надвор и да ги извалка со трева и кал. Потоа ги облекол и заминал дома.
– Каде беше цел ден – на врата го дочекала жена му.
– Не можам да те лажам. Имам љубовница, бев цело попладне со неа – одговорил мажот.
Жена му погледнала во чевлите и рекла:
„Лажливец еден! Повторно си играл фудбал!“
Извор: www.slobodenpecat.mk