СЗО: По пандемијата доаѓаат уште пострашни проблеми

1 min read

По завршувањето на пандемијата на коронавирусот, човештвото ќе се соочи со посериозни предизвици од претходно. Тие ќе бидат поврзани со сиромаштија, глад, нееднаквост, болести и климатски промени.

Ова го изјави генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Гебрејесус во говор на 10. Глобална конференција за здравствена превенција во Женева, и ги повика владите да „промовираат економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата”.

– Кога ќе заврши пандемијата, ќе се соочиме со многу полоши предизвици од претходно: сиромаштија, глад, нееднаквост, болести, климатски промени, рече тој.

Според Гебрејесус, „пандемијата покажа дека ако здравјето е загрозено, тогаш сите се во опасност”. Во овој поглед, потребна е „фундаментална промена” во перцепцијата за вредноста на здравјето. Мора да се „охрабри” економски раст заснован на здравјето и благосостојбата на луѓето и на планетата.

Шефот на СЗО смета дека државите треба да се залагаат сите да имаат пристап до здравствени услуги, а ова човеково право е камен-темелник на социјалната, економската и политичката стабилност.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

АСТРО СРЕЌА: Откријте кој е Вашиот најсреќен ден во 2022 година според Вашиот хороскопски знак

Следно

Ангелов: Ако јас можев да подадам рака со ветераните од УЧК, можат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian