Шолц: Нема да има црвени линии, јас сум канцелар и на невакцинираните

3 mins read

Новата Германска федерална влада сака да дејствува флексибилно во борбата против корона пандемијата . Според федералниот канцеларот Олаф Шолц, нема да има „црвени линии“ ниту пак рестрикции за невакцинираните граѓани

вакцинација Германија EPA-EFE/MARKUS SCHREIBER / POOL

Канцеларот Шолц не сака да отфрли какви било мерки во борбата против коронавирусот. 

„Не смее да има „црвени линии“, оваа пандемија навистина ни го покажа тоа. „Секогаш мора да бидеме подготвени да го преиспитаме курсот доколку околностите тоа го бараат. Тогаш мора да дејствуваме брзо и одлучно“, изјави Шолц за весникот „Билд ам Зонтаг“.

Политичарот од СПД не го отфрла категорично затворањето за време на божиќните празници во Германија. Одговарајќи на прашањето, тој рече: „Федералната влада и провинциите штотуку презедоа многу ригидни мерки. Секојдневно ќе проверуваме како се спроведуваат и дали се доволни“.

Вакцинирање во Келн, Германија/ Фото EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Пред се, причина за загриженост е новата варијанта на вирусот Омикрон. Експертите очекуваат дека вирусот брзо ќе се шири во Германија и – како што политичарите – повикуваат на вакцинација и дополнителна вакцинација, пишува Дојче веле.

Но, кога станува збор за вакцинација, сè уште постои дел од општеството што ја отфрла вакцината – поради различни причини. Според Институтот Роберт Кох (РКИ), 69,5 отсто од вкупното население се целосно вакцинирани против вирусот. Дополнителна вакцина примиле 18,7 милиони луѓе (22,5 проценти).

Но, канцеларот Шолц не верува дека Германија е поделена на вакцинирани и невакцинирани луѓе.

 „Огромно мнозинство граѓани се вакцинирани. „Многумина сакаат да го направат тоа наскоро бидејќи ја надминаа својата загриженост од евентуалните неасакани дејстбија “, рече тој. Шолц сака обединета Германија и рече дека тој е „канцелар на невакцинираните“.

Различните мислења не значат непосредна поделба на општеството, додаде Шолц. „Можеме и да се расправаме . „Убеден сум дека повеќето невакцинирани луѓе, како мене, мислат дека овие собири со факели се одвратни“, рече канцеларот. Пред неколку дена, противниците а на актуелната здравствена политиката маршираа со факели пред домот на саксонската министерка за здравство Петра Кепинг (СПД).

Во Меѓувреме сојузниот министер за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) изјави дека десничарските екстремисти се обиделе да се наметнат и да го преземат водството врз движењето на антиваксерите за да ги постигнат своите цели. Од друга страна антиваксерите не успеаа да се оградат и да се тргнат од екстремистите, вели Фезер

протести на антиваксери  EPA-EFE/ALEXANDROS BELTES

 

Таа предупреди на понатамошна радикализација на таканареченото движење Кверденкер: Склоноста кон насилство се зголемува. Федералната канцеларија за заштита на уставот сега значително го засили надзорот над сите екстремистички делови на движењето. „Ние внимателно ги следиме овие луѓе, изјави германсската сојузна министерка за внатрешни работи

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Засилени сообраќајни контроли низ Скопје, казнети возачи во Илинден и Драчево

Следно

ВИДЕО | Николовски: За клучните прашања потребен е општ консензус – планираме разговори со сите значајни општествени субјекти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian