Сексуално ги злоставувал сопствените сестри: На актерот му се закануваат 20 години затвор за детска порнографија

2 mins read

Поранешната ѕвезда на детските филмови и серии Џош Дугар (33) е прогласен за виновен во четвртокот заради преземање и поседување снимки од сексуална злоупотреба на деца на неговиот компјутер, пишува Ен-би-си.

Поротата во Фајетвил, Арканзас, го прогласи 33-годишниот актер за виновен заради поседување детска порнографија. Му се заканува затворска казна до 20 години и парична казна од 250.000 долари за секоја наредна осуда.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim McEwen (@kimmac629)

„Го почитуваме размислувањето на поротата и нивната пресуда, но имаме намера да поднесеме жалба“, порачале од адвокатскиот тим на Дугар по сослушувањето на пресудата.

Дугар тврди дека не е виновен, додека обвинителите тврдат дека ја користел партицијата на оперативниот систем Линукс на неговиот лаптоп за да ја заобиколи програмата што го надгледува користењето на интернет на неговиот компјутер.

Доказите што се презентирани во судницата вклучуваат записи од пребарувањата на интернет од страна на Дугар, список на преземени фотографии и неговите лични пораки.

Адвокатите на Дугар ги негираа наводите во текот на судењето, велејќи дека некој друг ги симнал фотографиите на компјутерот на Дугар.

Во втората недела од судењето, семејната пријателка на Дугар, Боби Холт, сведочела дека актерот ѝ признал дека злоставувал малолетна девојка во текот на разговорот во 2003 година.

Дугар учествуваше во реалното шоу на мрежата TLC со своето семејство наречено „19 Kids and Counting“ кое траеше од 2008 до 2015 година. Во шоуто беа прикажани животите на Џим Боб и Мишел Дугар со нивните 19 деца, од кои Дугар бил најстарото, а нивните религиозни убедувања често биле спомнувани како побожни баптисти, пишува Ен-би-си.

Фото: commons.wikimedia

Инаку, Дугар и претходно беше обвинуван дека сексуално злоставувал пет девојчиња, од кои некои биле негови сестри. Злоставувањето се однесувало на допирање на градите и гениталиите додека девојчињата спиеле, а  понекогаш и кога биле будни, без нивна согласност. Каналот ТЛС веднаш престана да ја емитува серијата, а реалното шоу беше и официјално укинато.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nicki Swift (@nickiswiftceleb)

Шокирачки пресврт се случил кога една од сестрите – жртва на својот брат Џош, истапила во негова одбрана, додека другите рекоа дека се негови жртви. 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Петков: Огромен ангажман треба да биде добрососедството со Северна Македонија

Следно

Во Велика Британија регистриран првиот смртен случај од омикрон сојот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian