Рецепт: Овесна каша со цимет и банана

1 min read

Здрав појадок готов за 10 минути.

Состојки:

– 1 зрела банана

– 1 лажичка кокосово масло или путер

– 1 лажица путер од кикирики

– 50 гр овесна каша

– 300 мл млеко

– 1 лажичка мелен лен

– 1 лажичка цимет

– прстофат морско оревче

– прстофат сол

Подготовка:

Исечете ја бананата, па пропржете ја кратко на кокосово масло или путер.

Додадете путер од кикирики, овесна каша, мелен лен, млеко, цимет, морско оревче и сол.

Гответе ја кашата додека не се згусне, околу седум минути.

По желба посипете со парчиња кикирики, ореви, лешници или бадеми и прелијте со мед.

Пријатно!

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Овој пијалак е одличен за слабеење, а сигурно го имате дома: Пијте го три пати на ден

Следно

Засилени сообраќајни контроли низ Скопје, казнети возачи во Илинден и Драчево

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian