Распродадено: Ќе грми во салата „Боро Чурлевски“ за дербито Е. Пелистер – Вардар

1 min read

Како што информираат од ракометниот клуб Е. Пелистер, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е распродадена само за еден час.

Тоа е така по повод дерби натпреварот во домашната Суперлига помеѓу Е. Пелистер и Вардар 1961 кој ќе се одигра в среда со почеток од 18.00 часот.

Се очекува играчите на тренерот Жељко Бабиќ да имаат огромна поддршка од своите навивачи во обидот да стигнат до победа против најголемиот ривал за титулата оваа сезона.

Моментно во шампионатот и двете екипи се на делба на првото место со по 39 бодови.

Вардар 1961 игра доста променливо сезонава, на домашната сцена реди победи, но во Лигата на шампионите реди порази.

Од друга страна Е. Пелистер води рамноправна битка со скопските „црвено-црни“ за тронот во Македонија, а има и успешни настапи во Лигата на Европа и со добри резултати чекори кон следната фаза во тоа натпреварување.

Одлуката паѓа до Нова година, пет имиња во игра за наследник на Вујовиќ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ангелов: Ако јас можев да подадам рака со ветераните од УЧК, можат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Следно

Србин доби 14 години затвор: Кокаин криел во замрзната пица и шверцувал дрога во Англија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian