Пејачката Тејлор Свифт ќе добие тужба: „Shake it off“ хитот има украдени стихови?

1 min read

И покрај тоа што поп пејачката Тејлор Свифт ужива во својата слава додека го чека својот најнов албум, сепак има мали „главоболки“ на авторски план.

Имено, таа оди на судење поради тужбата што ја доби за текстот на својот огромен хит „Shake it off“. Според тужбата за авторско право која е поднесена во 2017, се наведува дека Свифт ги копира стиховите од песната која оригинално ги имаат напишано Шон Хол и Нејтан Батлер. Се работи за стихот „”playas, they gon’ play” and “haters, they gonna hate.”

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Тужбата во 2018 беше отфрлена од страна на судијата кој ги прогласи стиховите за „премногу банални“ за да подлежат на било какви авторски права. Тогашната пресуда беше обжалена од страна на Хол и Батлер и предметот одново се отвори, пренесуваат странските медиуми.

Па, изгледа дека стиховите кои „наводно“ ги украла, сега буквално треба да ги одбрани.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Баша: Ова е исклучително тешка ситуација, Бериша се обидува да ги врати сцените од 1997 година

Следно

Келнерка добила бакшиш од 4400 долари, а потоа и отказ од газдата (ВИДЕО)

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian