Отаменди доживеа вистински хорор после натпреварот со Бенфика

1 min read

Репрезентативецот на Аргентина и првотимец на Бенфика, Николас Отаменди во неделата вечерта доживеа вистински хорор.

Отаменди беше киднапиран од четиричлена банда при враќањето од натпревар во кој неговата Бенфика играше со Фамаликао и триумфираше со 1:4.

Потоа, го однеле во неговата куќа во Лисабон, каде му ставиле појас околу вратот. Потоа го однеле во собата каде што биле неговата сопруга и синот.

Крадците со закани успеале да украдат пари и разни вредни предмети како накит и часовници.

По грабежот, крадците ја напуштиле куќата, а сега полицијата работи на овој случај.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Груби вели дека Мицкоски прифатил Албанец да биде премиер

Следно

Хрватски микробиолог: Омикрон не е крај на пандемијата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian