Османи се сретна со Ескобар, му се заблагодари на поддршката за почеток на преговори со ЕУ

1 min read

Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска се сретна со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за Западен Балкан во Лондон.

– Благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија. Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во регионот, објави Османи на официјалната Фејсбук страница.

Ескобар минатиот понеделник беше во официјална посета на земјава, при што изрази силна поддршка за брза евроинтеграција на Северна Македонија и истакна оти САД работат со европските партнери за да обезбедат тоа наскоро да се случи.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Русија се откажува од рестрикции за невакцинираните лица

Следно

Џенифер Лопез го проширува семејството: празниците ќе ги пречека заедно со нов член

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian