Орбан пред средбата со Макрон: Ние сме политички противници, но и европски партнери

2 mins read

Францускиот претседател, Емануел Макрон, денеска изјави дека Франција е подготвена да соработува со Унгарија во интерес на ЕУ и покрај политичките разлики меѓу двете земји нагласувајќи го помирувачкиот тон во време кога Париз се подготвува да го преземе шестмесечното претседавање со Европската Унија.

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, исто така зборуваше со помирувачки тон пред разговорите во Будимпешта велејќи дека Унгарија го почитува францускиот лидер и ја поддржува намерата на Макрон да ја направи ЕУ посамостојна во одбраната, нуклеарната енергија и земјоделството, објави „Ројтерс“.

Париз и Будимпешта се во конфликт за неколку прашања вклучувајќи ги правата на ЛГБТ-луѓето, но и за владеењето на правото и демократските стандарди.

Макрон сака другите земји од ЕУ да ги поддржат приоритетите што тој ги постави за шестмесечното претседателство на Франција со европскиот блок, кое почнува во јануари, а меѓу нив е подобра заштита и контрола на границите на ЕУ.

„Односот на Унгарија кон претседателот Макрон е полн со почит. Франција е дом на енциклопедисти, тие се најдобри кога станува збор за дефинициите, затоа ги прифаќаме нивните дефиниции: она што неодамна го слушнавме од претседателот е дека ние сме политички противници, но во исто време сме и европски партнери“, рече Орбан пред разговорите со Макрон.

Унгарската влада денеска соопшти дека договорила со Франција неколку прашања што се од стратешко значење за европската иднина.

Во видеото објавено на неговата фејсбук-страница унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, исто така ги опиша двете земји од ЕУ и како партнери и како противници.

Макрон во Будимпешта бара „заеднички јазик” со Орбан за безбедноста на ЕУ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркур во Јарец: Овие 3 знаци ќе доживеат големи промени во љубовниот живот

Следно

ВИДЕО | Ако сам не се пофалиш… Вучиќ во нов спот вели дека е роден да гради фабрики и пруги

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian