Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија, повеќе од 50 се евакуирани

1 min read

Најмалку две лица загинаа во поплавите во северна Шпанија, а повеќе од 50 се евакуирани од погодените области, соопштија денеска властите.

За смртта на две лица во претходните три дена, владата го обвини излевањето на надојдените реки по обилните врнежи од дожд и снег.

Поради излевање на реката Ебро, властите денеска наредија евакуација на 55 жители од селата на границата на регионот Навара и Арагон, каде во сила е тревода за опасни временски услови.

Нивото на реката Ебро во некои области се искачи на 8,5 метри, со што беше соборен рекордот поставен за време на поплавите пред шест години.

Властите во Сарагоса, главниот град на Арагон со 680.000 жители, се подготвуваат за поплавите кои се очекуваат утре.

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска ги поврза поплавите со растечките последици од климатските промени на Пиринејскиот Полуостров.

Тој најави дека Владата ќе објави декларација за „зона на катастрофа” со која ќе се предвиди издвојување на посебни средства за подрачјата погодени од невремето.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Среќен роденден Дарен: Синот на пејачката Тамара Тодевска наполни 3 години

Следно

Груби вели дека Мицкоски прифатил Албанец да биде премиер

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian