Манчестер јунајтед го затвори тренинг центарот, неизвесен мечот со Брентфорд!

1 min read

Во Јунајтед мораа да го откажат денешниот тренинг и да ги затворат сите активности во тренинг центарот на 24 часа.

Манчестер јунајтед најверојатно го чека иста судбина како Тотенхем кој остана без повеќе од половина од екипа поради позитивни случаи на коронавирус и поради тие проблеми мораше да одложи неколку натпревари, меѓу кои и оној во Конференциската лига против Рен.

Воедно Тотенхем би можел да биде елиминиран од Конференциската лига, односно се чека одлуката на УЕФА.

Во Јунајтед мораа да го откажат денешниот тренинг и да ги затворат сите активности во тренинг центарот на 24 часа, а можно е и натпреварот помеѓу Манчестер јунајтед и Брентфорд кој треба да се одигра во вторник да биде одложен. Двата клуба веќе преговараат за натпреварот.

Јунајтед во неделата соопшти дека мал број играчи се заразени, а тренинг центарот, соопшти клубот, е затворен со намера да се намали ризикот од натамошно ширење на заразата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Ако сам не се пофалиш… Вучиќ во нов спот вели дека е роден да гради фабрики и пруги

Следно

Злоставуваните американски гимнастичарки ќе добијат отштета од 380 милиони долари

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian