Лига Европа: Елмас ќе игра против Барса, Севиља е ривалот на Адеми и Ристовски

2 mins read

Денеска со жрепка во Нион (Швајцарија) се одредија плеј-оф паровите во нокаут-фазата на Лига Европа каде што имаме четири македонски репрезентативци.

Пред жрепката во групата на носители се најдоа второпласираните од групната фаза на ЛЕ: Бетис, Динамо Загреб на Аријан Адеми и Стефан Ристовски, Брага, Лацио, Наполи на Елиф Елмас, Олимпијакос, Ренџерс и Реал Сосиедад. А во групата на неносители се третопласираните од групите на Лигата на шампионите: Аталанта, Борусија Дортмунд, Барселона, Лајпциг, Порто, Севиља, Шериф Тираспол на Бобан Николов и Зенит.

Шесткратниот освојувач на Лига Европа, Севиља за противник го доби Динамо Загреб на Адеми и Ристовски. Барселона предводена од тренерот Чави ќе ги одмери силите со Наполи на Елмас во сигурно најинтересниот пар. Молдавскиот Шериф Тираспол на Николов за пласман во осминафиналето ќе игра против португалската екипа на Брага.

Првите натпревари ќе се играат на 17 февруари, а реванш средбите на 24 февруари 2022 година, а победниците ќе се пласираат во осминафиналето.

Директно во осминафиналето како првопласирани во групната фаза на ЛЕ се најдоа Лион, Монако, Спартак Москва, Ајнтрахт Франкфурт, Галатасарај, Црвена звезда, Баер Леверкузен и Вест Хем. Жрепката за осминафиналната фаза во ова клупско натпреварување ќе биде на 25 февруари 2022 година.

Лига Европа (2021/2022)

Плеј-оф, двојки –

Севиља – Динамо Загреб
Аталанта – Олимпијакос
Лајпциг – Реал Сосиедад
Барселона – Наполи

Зенит – Бетис
Борусија Дортмунд – Ренџерс
Шериф Тираспол – Брага
Порто – Лацио

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Поречието на Македонски Брод без струја 14 дена

Следно

ВИДЕО | „And Just Like That“… тој е жив!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian