Лео Меси се враќа на „Сантјаго Бернабеу“: Еве каков учинок има на култниот стадион

2 mins read

УЕФА одлучи да ја повтори жрепката за осминафиналето во Лигата на шампионите, па така за пласман во четвртфиналето ПСЖ ќе игра против Реал Мадрид.

Лионел Меси ќе има можност да игра против великаните од Мадрид уште во првата сезона по заминувањето од Барселона.

Првите натпревари од осминафиналето во ЛШ се закажани за 15/16 и 22/23 февруари, а реванш средбите на 8/9 и 15/16 март следната година. Сите мечеви ќе започнуваат од 21 часот.

– Меси одигра најмногу натпревари против Реал

Меси најмногу судири во кариерата имаше против Реал Мадрид со кој се сретна 45 пати. Второто место на листата на негови најчести противници го делат Севиља и Атлетико Мадрид против кои играше 43 пати. Аргентинецот во пресметките со Реал оствари 19 победи, 11 нерешени и 15 порази, а според податовите на „Трансфермаркт“ постигна 26 гола и запиша 14 асистенции.

Тој имаше најмалку пресметки против Реал во Лигата на шампионите, каде што се сретнаа само во сезоната 2010/11, кога Барселона славеше со вкупни 3:1 во полуфиналето на натпреварувањето, по што ја освои титулата.

Аргентинецот остави длабока трага во тој двомеч бидејќи ги постигна двата гола на првиот меч на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ во победата на Барса од 2:0, а вториот особено се памети кога ја доби топката речиси на средината од теренот, по што направи „слалом“ и го совлада Икер Касиљас.

Лионел Меси најмалку се сретна против Реал Мадрид во Лигата на шампионите/Фото: EPA/ZIPI

– Блескаше на култниот стадион, но во последните 360 минути немаше ниту гол ниту асистенции

Својот најдобар натпревар го одигра на култниот стадион во март 2014 година, кога постигна хет-трик и забележа асистенција во шампионската победа на Барселона од 4:3. Но, иако одигра неколку брилијантни натпревари против Реал Мадрид на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, Меси нема постигнато гол или асистенција на тој стадион од 2018 година.

Последен пат директно учествуваше во головите на гостувањето кај Реал на 23 декември 2017 година, кога постигна и гол и асистенција во победата од 3-0 во лигата. Подоцна одигра цели четири натпревари на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, во кои остана без гол и асистенција. Барселона на тие натпревари забележа две победи и два порази.

На „кралевите“ ќе им биде пеколно тешко, во Реал незадоволни од повторената жрепка

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во тетовската гимназија нафтата се потрошила предвреме, нема греење и се следи онлајн настава

Следно

Бугарското Народно собрание ја избра Владата на Кирил Петков

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian