ФОТО | Среќен роденден Дарен: Синот на пејачката Тамара Тодевска наполни 3 години

1 min read

Нашата позната пејачка Тамара Тодевска, по повод третиот роденден на својот син Дарен организираше прекрасна прослава. Многу музика, балони, аниматори и уметници кои сликаа на лицата на дечињата, креирајќи им забавни маски со омилените јунаци од анимираните филмови.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Славеникот уживаше во секој момент од прославата. Доби многу подароци, а тортата беше инспирирана од филмот Кинг – Конг, украсена со џиновскиот мајмун Конг.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

Една од главните гостинки на прославата беше неговата сестра Хана, како и бројни другарчиња кои уживаа во роденденот заедно со бројните аниматори.

Фото: Принтскрин / Instagram
Фото: Принтскрин / Instagram

По повод роденденот, Дарен беше елегантно облечен, во бела кошула, темно сини панталони и палто и жолти чизми. Малиот шармер потоа се маскираше во неговиот омилен супер – херој. Супермен, а на неговото лице беше насликата и маската на човекот – пајак.

Среќен роденден Дарен!

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Србин доби 14 години затвор: Кокаин криел во замрзната пица и шверцувал дрога во Англија

Следно

Најмалку две лица загинаа во поплавите во Шпанија, повеќе од 50 се евакуирани

Latest from Blog

Магла на Стража

Намалена видливост од 50 до 70 метри поради појава на магла има на планинскиот премин Стража,

MacedonianEnglishAlbanian