Заврши групната фаза во Лигата на шампионите за сезоната 2021/2022, од фаворитите за трофејот испаднаа Порто, Милан, Борусија Дортмунд, Барселона и Севиља.
Во осминафиналето пласман обезбедија екипите на Манчестер сити, Ливерпул, Ајакс, Реал Мадрид, Баерн Минхен, Манчестер јунајтед, Лил, Јувентус, ПСЖ, Атлетико Мадрид, Спортинг, Интер, Бенфика, Виљареал, Салцбург и Челси.
Фудбалските експерти веднаш по завршувањето на мечевите во сите групи веднаш ги одвоија најголемите кандати за освојување на титулата сезонава во ЛШ.
Во изборот на „Скај Бет“, прв фаворит за титулата е Манчестер сити (3/1), пред Баерн (4/1), третопласиран е Ливерпул (5/1), а на четвртото место ПСЖ (7/1).
Манчестер сити го освои првото место со 12 бодови, четири победи и два порази во групата „А“, а максимален учинок од шест победи во групната фаза остварија Баерн, Ајакс и Ливерпул.
