Еве кои намирници можете да ги чувате на полица, наместо во фрижидер

2 mins read

Дали и вие во вашата кујна имате одредени продукти кои често пати кога ги оставате на работната површина или во некој агол, се прашувате дали ќе се расипат?

Фрижидерите се најдобрите чувари на производи кои се лесно расипливи, како млечните производи или јајцата. Но, некои од намирниците кои ги имате по дома, подобро е да ги чувате на собна температура, затоа што во фрижидер ги губат своите својства. За да не променат вкус или текстура, чувајте ги на работната површина. Еве кои од намирниците можете да ги чувате вака.

Домати

Овој зеленчук препорачливо е да се чува на собна температура, дури и како дел од кошницата со овошје. Овие сочни плодови најдобро се оддржуваат свежи само над 12 степени, затоа што студот во фрижидерот им ја менува текстурата и вкусот.

Путер од кикирики

Солените путери, како оние од јатки можат да стојат на полица и по неколку месеци. Утврдено е дека големиот процент на сол во нив ги оддржува свежи, и делува како конзерванс.

Кечап, сосови

Дури и кечапот и одредени сосови во кои има голем процент на натриум (соја сос, ворчестер сос) можат да стојат на собна температура и по месец дена.

Лубеница

Иако голем број од нас сакаат да се освежат со ладна лубеница, професионалците препорачуваат целиот плод да го ставаме на собна температура (дома во ќош), за да не губи од нивото на антиоксиданти. Нормално, ако имате кришки лубеница, нив мора да ги ставите во фрижидер.

Компир и лук

И овие два зеленчука е добро да ги чувате на собна температура, и тоа во платнени торбички, затоа што во фрижидер лукот може да ви ги „замириса“ сите останати зеленчуци, а компирот губи својства или станува нејадлив.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Германската Влада ја повика Европската унија да воведе санкции против Додик

Следно

Ерупција на Канарските острови: 33.000 луѓе мора да се засолнат од вулкански гасови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian