Џенифер Лопез го проширува семејството: празниците ќе ги пречека заедно со нов член

3 mins read

Празниците се на прагот, а непосредно пред да се започне со славење и подароци, Џенифер Лопез подари ново дополнување на своето семејство. Запознајте го новиот член на семејството Лопез – мачорот Хендрикс!

Џенифер Лопез ќе ги пречека празниците со посебен крзнен пријател. 52-годишната музичка икона им овозможи на своите фанови да ѕирнат за кого станува збор: мачорот Хендрикс!

џенифер лопез мачка хендрикс
Фото: Принтскрин / Twitter

На својот инстаграм-профил овој викенд, музичката и актерска ѕвезда сподели видео-клип од нејзината прекрасно опремена дневна соба, комплетирана со висока елка.

Додека таа зумираше на празничните поставки, симпатичниот мал Хендрикс можеше да се види како само седи, и очигледно пополека се сместува во неговиот нов дом, додека во позадина се слушаат тоновите на „Rockin’ Around the Christmas Tree“. Настапот на Хендрикс пред објективот на Џеј Ло сепак беше поприлично сериозен, зјапајќи во камерата без воопшто да се помрдне, на што пејачката не успеа да се воздржи и го заврши клипот со неконтролирана смеа.

„Ви го претставуваме… #Хендрикс!!!!“, напиша таа покрај „емоџи“ со мачка и елка.

Џен и нејзините 13-годишни близнаци – Макс и Еми – исто така се горди сопственици на златното кутре по име Тајсон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ✨Amy JLover ✨ (@jlo_we_love_you)

И додека Хендрикс можеби е ран божиќен подарок, момчето на Џеј Ло, Бен Афлек, наводно, сè уште планира да подари „нешто посебно“ за пејачката како подарок според бројни гласини.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Katie (@jlo.no1fan)

Настрана од подароците, празникот ќе биде само за семејството. Лопез и Афлек сè уште планираат да го поминат Божиќ заедно и сакаат да го направат што е можно поспецијален за децата, и иако сè уште не знаат што точно ќе прават, сакаат сите деца да бидат заедно за празниците, но и да направат нешто што ќе биде само за нив двајца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zineb Azeroual (@zineb.jlover_4_ever)

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Османи се сретна со Ескобар, му се заблагодари на поддршката за почеток на преговори со ЕУ

Следно

Која е европската божиќна престолнина за 2022 година?

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian