Додик им се закани на САД и на Германија: Ако воведат санкции – ќе возвратиме

4 mins read

Членот на Претседателството на БиХ од Република Српска, Милорад Додик, по повод повикот и заканите со санкции и откажување инвестиции поради намерата на Република Српска да ги врати надлежностите, изјави дека и РС не е без контрамерки.

Собрание република српска
Собрание република српска/ Фото Aрхива на Слободен печат

 

„Можеби некои ќе се обидат да се исмеваат со тоа што ќе го кажам, но и Република Српска не е без контрамерки. Ако Германија воведе санкции, ние ќе возвратиме. Не сум слеп за да не знам што претставуваат САД и Германија. Но, мојата порака е – претерано реагиравте. Направивте се за да ја замразимен БиХ, а ние никогаш не ја ни сакавме“, рече Додик.

Фото: Министерство за внатрешни работи на Република Српска

Тој ги отфрли обвинувањата дека граѓаните или цела Република Српска може да имаат сериозни последици и проблеми додавајќи дека не е загрижен, и му порача на граѓаните на Република Српска да не се грижат

„Не апсолутно. Разбирам дека сеќавањето на санкциите, во кои бевме херметички запечатени, остана во нашата свест. Сега веќе го нема тоа. Не не интересира премногу дали некој таму ќе каже нешто“, вели Додик.

Тој нагласи дека сите овие години западните инвеститори чекале на ред и дека Република Српска има свои пријатели кои досега инвестирале и дека Република Српска нема да загуби инвестиции, пренесува Klix.ba.

Што се однесува до економијата, Додик рече дека за Република Српска има проблеми поради пандемијата на коронавирус, а не поради заканата од санкции.

Во врска со барањето на лидерот на СДА, Бакир Изетбеговиќ до Кристијан Шмит, кој Република Српска не го признава за висок претставник, најавата за санкции и заканата дека нема да има инвестиции во РС, Додик рече дека Бошњаците научиле да бидат управувани додека пак Србите докажале дека не трпат тутори.

Знаме на Босна и Херцеговина/ Фото: МИА

Тој изјави дека Велика Британија и Брисел ги напаѓаат унгарскиот премиер Виктор Орбан и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека се авторитарни лидери, а потоа без одлука на Советот за безбедност на ОН го испраќаат Шмит во БиХ и го прогласуваат за „висок претставник“.

 

Додик и Орбан на средба во Будимпешта во 2019 година / фото: ЕПА/ЕФЕ

Додик изјави дека ги почитува Бошњаците како народ, но дека нема да му дозволи на „политичкото Сараево“ – да зема земја, шуми и вода од Република Српска.

„И тогаш тие и странците се појавуваат со лицемерна закана дека нема да имаме инвестиции поради активностите што ги спроведуваме, кои во суштина го бранат нашиот развој“, рече Додик.

Додик рече дека Република Српска има финансиери и се е подготвено тие да ги финансираат превдиените проекти.

Оние кои се се обидуваат да го спречат тоа го наметнуваат и прашањето – зошто РС да живее со оние што се обидуваат да го спречат развојот? вели српскиотм член на престедателството на Босна и Херцеговина

Тој ги отфрли како шпекулации изјавите на некои меѓународни претставници од Западот дека плановите на Република Српска „претставуваат удар за БиХ, па дури и закана за мирот“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО: Манчестер сити е најголем фаворит за освојување на титулата во ЛШ

Следно

ВИДЕО | Вистински божиќни утра: Ким Кардашијан најми пијанист да ги буди нејзините деца секое утро во декември со божиќни песни

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian