Ангелов: Ако јас можев да подадам рака со ветераните од УЧК, можат и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

1 min read

Претседателот на Достоинство и директор на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов смета дека новата доктрина на Христијан Мицкоски, кој ја најави на вчерашниот конгрес на партијата, ќе донесе „нови ветришта во државата“.

-Се разбира доколку не остават мртви букви на хартија. Се надевам дека искрено мислат работите. Исто така сметам дека Ковачевски ќе донесе нови ветришта во СДСМ и коалицијата, рече Ангелов во вечерашното гостување на ТВ24.

Ангелов вели оти е оптимист и дека негативната реторика ќе се намали во наредниот период.

-Ако јас можев да се помирам со мојот воен непријател од 2001 година, поранешниот командант Абедин Зибери и другите ветерани од УЧК, не гледам причина зошто ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се помират и со тоа да се превенираат политички уцени од некој помал политички субјект, појаснува Ангелов.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

СЗО: По пандемијата доаѓаат уште пострашни проблеми

Следно

Распродадено: Ќе грми во салата „Боро Чурлевски“ за дербито Е. Пелистер – Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian