Времето денес облачно со врнежи од дожд и снег

1 min read

Слаб локален дожд ќе има денеска особено претпладне, претежно на југоистокот и повремен снег во планинските региони, а понекаде на повисоките места повремениот дожд кој ќе преминува во снег.

Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 2 до 9 степени.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Како што информираат од УХМ, во понеделник ќе има услови за слаб снег на северот и ќе започне период на умерено до значително облачно и студено време, со умерен до засилен северен ветер. Ветерот ќе биде најизразен вдолж Повардарието.

Извор: skopjeinfo.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 12 декември: Треба да го оцените најдобриот момент за акција

Следно

Шолц денеска патува во инаугуративна посета на Полска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian