Овие предновогодишни денови се совршено време да посветите малку повеќе време на негата самите на себе. Сергеј овој пат ни покажа како во домашни услови си прави третман за освежување на кожата на лицето со користење на маски за лице – едната посебно го ‘бендиса’ и топло ја препорача на своите гледачи.

Во фокусот на Мода In&Out оваа недела беше единствената Јелена Карлеуша и светскиот дизајнер Тиери Муглер. Изборот на Сергеј беше полн погодок.
Тој заигра со Сузана Гавазова иако токму таа беше првата модна катастрофа а од Ане Тигрица толку му се слоши што Никола мораше да го реанимира.

Со Кека овој пат му посветија големо внимание на деним-от (тексас) а двајцата дури пред камерите се појавија како Britney и Justin – full denim.

Мажи ‘настегани’ во фармерки „уз тело“ – погледнете што мисли Сергеј за нив во Q&A.

Извор: www.slobodenpecat.mk