ВИДЕО: Елмас и Наполи доживеаја непријатно изненадување во Серија А

1 min read

Само три дена по големата победа над Лестер во Лигата на Европа со која обезбеди пласман во нокаут фазата, Наполи доживеа непријатно изненадување во Серија А и тоа на домашен терен. Наполи за чиј тим од првата минута настапи македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е поразен од Емполи со 0:1. Единствениот гол беше дел на Кутроне во 70 минута, додека Елмас во првото полувреме ја погоди пречката, за во 87 минута да биде изваден од игра поради повреда.

Наполи пропушти шанса со евентуална победа да се искачи на лидерската позиција на табелата  и остана на четвртото место со 36 бода, еден помалку од Интер и Аталанта како и три помалку од Милан кој е лидер.

Емполи пак се искачи на седмото место со 26 бода, само два помалку од Јувентус.
Непријатен пораз доживеа и Лацио кој иако по првото полувреме водеше со 0:1, на крајот загуби со 2:1 на гостувањето кај Сасуоло.

Закањи во шестата минута му донесе предност на Лацио, но домашниот тим во второто полувреме со головите на Берарди во 63 и на распадори во 69 минута направи целосен пресврт.
Лацио остана на деветтото место на табелата со 25 бода, додека Сасуоло сега е 12 со два бода помалку.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски најави нова преродба: Слободата на мислата и изборот, општествен консензус за заеднички патриотизам

Следно

Почина Ен Рајс, авторката на романот „Интервју со вампирот“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian