УФЦ 269: Големо изненадување, Пења ја нокаутира шампионката Аманда Нуњез

2 mins read

На УФЦ 269 приредбата која се одржа во Лас Вегас, се случи едно од најголемите изненадувања во ММА спортот, Џулијана Пења ја нокаутира шампионката Аманда Нуњез.

Нуњез се смета за најдобра во историјата на ММА спортот и цели седум години не знаеше за пораз, но утринава Пења со гушење во втората рунда и ја одзеде титулата во бантам категоријата.

Нуњез беше подобра во првата рунда, но Пења изненади во втората со агресивниот пристап и со одличните директи ја кутна на партер шампионката. Нуњез се обиде да се извлече, но Пења успеа да го запре тој обид и со гушење ја совлада Бразилката и и го одзеде шампионскиот појас.

Во втората борба за титулата, во лесна категорија, шампионот Чарлс Оливеира го победи Дастин Поирие.
Одлучувачкиот момент се случи во третата рунда, кога Оливеира во еден момент успеа да дојде зад грбот на Поерие и да ги стави рацете околу вратот на предизвикувачот. По 30-секундно гушење, Оливеира го натера Поирие да тапка и да ја предаде борбата.

Ова беше 32 победа на Оливеира кој има и осум порази во кариерата, но се наоѓа во серија до десет триумфи. Последниот пораз, Оливеира го доживеа во 2017 година кога беше нокаутиран од Пол Фелдер.

Во останатите борба на УФЦ 269 приредбата, во велтер категорија Џоф Нил со поделена одлука славеше над Сантијано Понзинибио, додеак Каи Кара-Франс го нокаутира Коди Гарбрант во лесна категорија, а во бантан Шон О’Мајли уште во првата рунда го нокаутира Раулиано Паиво.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Три дози од „Фајзер“ штитат од сојот омикрон, но четири пати помалку од делта сојот, тврди израелско истражување

Следно

Кожухарова: Во Буарија е вакцинирано 30 отсто од населението, нема регистриран случај со сојот омикрон

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian