Снегот го одложи натпреварот во Струга

1 min read

Натпреварот помеѓу Струга Трим Лум и Ренова кој требаше да се игра во рамки на 18 коло во Првата фудбалска лига, е одложен поради снегот.

Официјалните лица заедно со претставниците и капитените на двете екипи заклучија дека нема услови за одигрување на фудбалски натпревар на стадионот во Струга, па заедно донесоа одлука средбата да не се одигра денес туку во термин кој дополнително ќе биде одреден.

Ова доаѓа откако вчера беа одложени пет меча во Втората македонска фудбалска лига, а претходната и средбата од Купот меѓу Пелистер и Вардар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори

Следно

ФОТО | Се радува како мало дете: Славниот рапер се разведе и прослави со журка!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian