СДСМ: До 14.00 часот гласале 27 248 членови или 47 проценти

1 min read

Гласањето на вонредните избори за претседател на СДСМ на сите 194 гласачки места се одвива непречено, без застои во мирна и демократска атмосфера, со почитување на мерките за заштита од коронавирусот, соопшти партијата.

Според последните информации од Централната изборна комисија, до 14.00 часот гласале 27 248 членови на СДСМ, односно 47 отсто од активно регистрираните членови.

Гласањето трае до 19 часот.

По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва Централната изборна комисија на СДСМ ќе ги соопшти резултатите за вонредните внатрепартиски избори.

– СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена и македонската демократија, СДСМ својот претседател го бира на внатрепартиски, непосредни избори, се наведува во соопштението од партијата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се укинува обезбедувањето за сопругата и синовите на Нетанјаху

Следно

1МФЛ: Шкупи со победа ја завери есенската титула

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian