Расколот меѓу Баша и Бериша се продлабочува, дел од опозицијата оценета како антиамериканска

1 min read

 Расколот во редовите на албанската опозициска Демократска партија се продлабочува, посебно по одлуката на приврзаниците на историскиот лидер Сали Бериша за разрешување на актуелниот лидер Љуљзим Баша.

Љуљзим Баша

На попладневната седница на Националниот совет на партијата, свикана од Баша, членовите му дадоа безрезервна поддршка, а однесувањето на Бериша го оценија како антиамериканско.

Во овој документ, меѓу другото, вчера одржаното Национално собрание на партијата што го свика Бериша и сите донесени одлуки, меѓу која и разрешувањето на Баша, се сметаат за неважечки.

– Движењето на Бериша за нас е антиамериканско, а за легално го сметаме единствено Националното собрание од 18 декември. За Демократската партија приоритет е борбата против корупцијата и неказнивоста, се наведува, меѓу другото, во Резолуцијата.

Исто така, се нагласува дека на вчерашниот собир Бериша ги „фалсифкувал и ги употребил симболите и логото на партијата со флагрантно кршење на партиските статутарни, како и законските нормативи”.

сали бериша
Сали Бериша / Фото: EPA/ARMANDO BABANI

Баша, кој беше пречекан со громогласен аплауз, меѓу другото, истакна дека „вчера е формирана првата антиамериканска организација, по онаа на комунистичкиот диктатор Енвер Хоџа”

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Барселона повторно разочара, не успеа да ја победи Осасуна

Следно

ВИДЕО: На Сергеј му се слоши од стајлингот на Ане Тигрица па прими адреналинска инјекција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian