Почина легендарниот шпански тенисер, Маноло Сантана

1 min read

Легендарниот шпански тенисер, Манило Сантана почина на 83-годишна возраст како последица од Паркинсоновата болест.

Сантана е роден во Мадрид, а во 1960-тите години беше најдобар тенисер на светот и во тоа време освои четири грен слем титули.

Два пати победи на Ролан Гарос (1961 и 1964) и по еднаш во Вимлдон (1966) и на УС Опен (1965). Сантана е шпански тенисер кој освоил грен слем титула, а е и првиот Шпанец кој бил на првото место на АТП ранг-листата. Во кариерата освои 69 титули, а освои и една титула на Ролан Гарос во игра на двојки.

Исто така легеданрниот Сантана триумфира на тенискиот турнир на Олимписките игри во Мексико сити 1968 година кога тенисеот беше показен спорт, а ја предводеше Шпанија во првата од вкупно осумте Дејвис Куп титули.

Од Сантана се простува целиот тениски свет, а последен поздрав му упати и најдобриот шпански тенисер, Рафаел Надал.

„Ќе ми недостасуваш Маноло. Засекогаш ќе бидеш во моите мисли како посебен и единствен. Никогаш нема да те заборавиме, а на твоето семејство му посакувам многу сила во овие тешки моментни“, напиша Надал.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Заев гласаше на вонредните внатрепартиски избори

Следно

Одбранбена експертка за шефица на бугарската дипломатија: Еве која е Теодора Генчовска

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian