Српската актерка Даница Максимовиќ важи за некој кој плени со позитивна енергија и шарм, а поради нејзиното секогаш добро расположение, ретко кој би рекол дека се соочила со сериозни проблеми во животот.
View this post on Instagram
Сепак, актерката го демантираше сето тоа и во својата искрена исповед обајснила како се изборила со алкохолизмот.
„Најголема победа е тоа што го победив порокот. Јас сум горда, станав мисионер, едноставно таква сум, ете. И горда сум на тоа, и мојата докторка, и семејството, приајателите, а ретко кој успева во кој било порок – рекла Максимовиќ и открила колку долго траела борбата:
„Некаде околу осум месеци, кога си дисциплиниран, а јас сум дисциплинирана и сѐ помина во ред. Јас само сакав да работам, тоа да поминува со работата. Јас знам дека имам проблем, само ми треба мала помош. И така и беше. Многу брзо се изборив и еве 30 години сум своја на своето, на суво“, рекла Даница во една емисија „Све у свему“ на ТВ Прва.
„Јас бев спортистка и потоа влегов во театар и сите тоа го консумираа. Не можеш да поминеш, за мене тоа беше погубно. Луѓе сме и порочни сме, само малку треба за да се помине линијата. Е сега, кога си на работот од бездната, тогаш се освестуваш“, рекла Даница.
View this post on Instagram
Водителката Марија Килибарда ја прашала колку остар бил тој раб на бездната, на што Даница како од топ одговорила:
„Тоа беше литро и пол вотка дневно. Ха, ха, како ме погледна. Сериозно, со оркестарот влегувам во Клубот на книжевници. Луѓето пијат на моја сметка, го земав хонорарот од банка и сакав да си поминеме добро, но потоа доаѓаш до работ на бездната и тогаш сфаќаш дека мораш да застанеш и застануваш. Имаш силен карактер“ – објаснила Даницала и додала:
„И мораш да имаш некој покрај себе, некој најискрен приајтел, кој ќе ти каже стоп, ова не може повеќе вака. Тоа е многу важно.“
Извор: www.slobodenpecat.mk