Одбиена жалбата на Мерцедес, Ферстапен останува шампион

2 mins read

Дирекцијата на трката за ГН на Абу Даби ги одби двете жалби за наводно кршење на правилата од страна на Макс Ферстапен кои ги поднесе Мерцедес.

Веднаш по завршување на контроверзната трка која заврши со победа на Ферстапен што значеше и шампионска титула, Мерцедес поднесе двве жалби со кои го оспори триумфот на Холанѓанецот.

„Мерцедес тврдеше дека болидот 33 го претекнал болидот 44 за време кога безбедносното возило беше на патеката во 18:32 и дека со тоа дошло до прекршување на членот 48.8. Ред Бул тврдеше дека болидот 44 не беше претекнат, дека и двајцата возачи даваа додаваа и отпуштаа фас како и дека постојат „милион“ преседани во врска со претекнувањето додека безбедносното возило е на патеката“, сооопшти дирекцијата на трката.

Дирекцијата објасни дека Ферстапен во еден краток период бил благо пред болидот 44 на Хамилтон во моментот кога двајцата возачи забрзуваа и кочеа, но дека не го претекнал Британецот се додека безбедносно возило не се повлекло од патеката и поради тоа ја отфрли жалбата.

Втората жалба во врска со безбедносното возило, поточно претекнувањето додека тоа е на патеката исто така е одбиена. Претставници на Ред Бул и на Мерцедес била присутни кога дирекцијата на трката им ја соопштиле пресудата.
Мерцедес има уште една можност за жалба, да се жали на Апелацискиот суд на ФИА кој конечната одлука мора да ја донесе до четврток, за кога е закажана гала вечер на која ќе се додели шампионскиот пехар и потоа нема да биде дозволена промена на шампионот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ременски изрази незадоволство од излезноста на гласањето, повика на партиско обединување

Следно

„24 часа”: Кирил Петков ќе ја претставува Бугарија на Советот на ЕУ на 16 декември

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian