Моравјецки не успеа да го натера Шолц Германија да го затвори гасоводот Северен тек 2

4 mins read

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки во Варшава неуспешно побара од новиот германски канцелар Олаф Шолц да спречи гасна уцена и диктирање на цените поради Украина, и Германија да не дозволи отворање на гасоводот Северен ток 2 кој ќе поминува преку дното на Балтичкото море .

Олаф Шолц каннцалар на Германија EPA-EFE/CLEMENS BILAN / POOL

„Германија одлучи да биде климатски неутрална за 25 години. Ќе се најдеме во свет каде транзитот на гас ќе игра поинаква улога од сега. Германија се чувствува одговорна. Претходната влада направи се за да го обнови договорот за транзит на гас преку Украина. Чувствуваме одговорност за гарантирање на транзитот на гас преку Украина. Истото го правиме и со другите можности. „Ќе мораме да и помогнеме на Украина да стане извор на обновлива енергија“, гласеше одгворот на германскиот канцалар кој го отфрли барањето на Полска.

На прес-конференција со премиерот Моравјецки, Шолц рече дека Германија со голема вознемиреност ги следи движењата на руската армија долж границите на Украина.

„Неповредливоста на границите во Европа е нешто што го нагласуваме заедно, како Европска унија, како Германија, како Полска. Оспорувањето на територијалниот интегритет е нешто што нема да го прифатиме. Треба да ги искористиме овие инструменти како поле за дијалог. „Мораме да се погрижиме повторно да го активираме „нормандијскиот“ формат“, рече канцеларот Шолц.

Матеуш Моравјецки / Фото: EPA-EFE/Szilard Koszticsak HUNGARY OUT

Полскиот премиер изјави дека Полска не сака Украина да биде изложена на уцена од Русија.

„Затоа што тоа би значело дестабилизација на источното крило на НАТО, источното крило на ЕУ. Затоа го предупредив канцеларот за сите ризици кои ги носи гасоводот Северен ток 2 и како, за жал, се исполнуваат нашите црни сценарија, за кои предупредувавме – дека ризикот за Украина уште повеќе ќе се зголеми“, рече Моравјецки. .

Состојбата на мигрантскиот бран на полско-белоруската граница ексалира/ Фото: ЕПА

Олаф Шолц денеска во Варшава изрази целосна поддршка за одбраната на границата од страна на Полска, пред, како што рече, обидите на белорускиот претседател Александар Лукашенко да ги искористи бегалците и да си игра со нивните судбини за нивните политички цели.

„Страшно е тоа што го прави Лукашенко. Тој ги користи луѓето и нивните судбини за своите политички цели. Важно е ЕУ да не реагира само со санкции, туку да води дијалог со авиокомпаниите и аеродромите од кои дошле во Белорусија. Ќе го поддржиме нивното враќање. Тоа е добро решение. Солидарни сме со Полска“, рече канцеларот Шолц.

Премиерот Моравиецки на германскиот канцелар ја претстави актуелната ситуација на границата со Белорусија и промените во тактиката што ја применува белорускиот режим со бегалците и предупреди дека полската гранична стража евидентирала 100 обиди за илегално преминување на границата од Белорусија.

Деца-бегалци на белоруско-полската граница
Деца-бегалци на белоруско-полската граница / Фото: EPA-EFE/MAXIM GUCHEK

„Во најбрз можен рок ќе изградиме ограда каква што постои меѓу Грција и Турција. Сакаме да соработуваме со нашите источни соседи, но не кога бегалците се користат како живо оружје. Замислете да беше отворена границата, да се појават десетици, а потоа стотици илјади, милиони би сакале да преминат на територијата на Германија, Франција, Холандија. Благодарам на канцеларот за недвосмислената поддршка што ни ја дава овде“, рече Моравјецки.

Германскиот канцелар ја избра Варшава за една од првите престолнини по назначувањето на новата германска влада, а двајцата премиери денешните разговори ги оценија како срдечни и во пријателска атмосфера и покрај многуте несогласувања за важни теми.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Неверојатен случај: Станал од креветот, паднал и се повредил, фирмата ќе му плати за повреда на работа

Следно

Чудо во САД, фудбалот стана попопуларен од еден од четирите американски спортови

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian