Маж во еден ден примил 10 дози вакцина против ковид, го плаќале да се вакцинира наместо други

4 mins read

Здравствените власти на Нов Зеланд покренаа истрага откако мажот наводно се вакцинирал против ковид-19 до 10 пати во еден ден, објавија локалните медиуми.

Се верува дека на мажот му било платено да се вакцинира наместо други луѓе, објави во саботата порталот „Стаф“.

Министерството за здравство на Нов Зеланд сериозно ја сфатило ситуацијата, изјавила за „Стаф“, Астрид Корниф, шеф на програмата за вакцина и имунизација против ковид-19.

„Многу сме загрижени поради оваа ситуација и работиме со релевантни агенции“, рекла Корниф.

„Неточниот статус на вакцинација не ве загрозува само вас, туку и вашите пријатели, роднини и заедницата во иднина, како и здравствените екипи кои ве лекуваат сега“, додала таа.

Министерството одбило да каже каде се случил инцидентот, но ги повикало сите коишто познаваат некој кој примил преголема доза на вакцина веднаш да го на лекар.

Хелен Петусис-Харис, имунолог и професор на Универзитетот во Окланд, рекла дека нема многу податоци за тоа што би можело да се случи со некого откако ќе прими 10 дози од вакцината во еден ден, бидејќи такво нешто едноставно не е истражувано.

„Тоа е многу глупава работа“, рекла Петусис-Харис за „Стаф“. Таа рекла дека мажот најверојатно ќе биде добро бидејќи вакцината ќе излезе од неговото тело за неколку дена. Сепак, имунологот додал дека лицето најверојатно не се чувствувало добро ден по примањето на 10 дози од вакцината, бидејќи прекумерната имунизација предизвикува несакани ефекти.

– Поголема е веројатноста дека ќе се чувствува многу полошо од некој што примил една доза – додала Петусис-Харис.

Имунологот рекол дека мажот сигурно стекнал имунитет на ковид-19, но дека нема голема корист од предозирањето бидејќи способноста на неговото тело да даде имунолошки одговор на инфекцијата во еден момент го достигнала својот врв. Петусис-Харис додала дека се водело сметка при одредувањето колкава доза од вакцината некому ќе се даде.

Петусис-Харис вели дека не може да се каже кога мажот ќе треба да ја земе „втората“ доза, но рекол дека речиси нема да мора да ја зема.

Имунологот рекол дека потегот на тој човек е „неверојатно себичен“ и ги критикува оние кои се толку привилегирани да можат да му платат на друго лице да се вакцинира наместо нив.

Директорот на Институтот за медицински истражувања „Малаган“ и професорот по имунологија Греам Ле Грос, изјавиле дека постапката на човекот била непромислена и опасна, како за него, така и за оние кои не се вакцинирани.

Ле Грос рекол дека е малку веројатно мажот да умре од тие 10 дози бидејќи неговиот имунолошки систем „се снаоѓал“ и проценил дека во еден момент му е „доста“ од вакцината. Сепак, додал дека по 10 дози најверојатно раката многу го болела. Ле Грос тврдел дека е подобро да се даваат повеќе дози во одредени интервали во текот на вакцинацијата, отколку сите дози одеднаш.

Во Нов Зеланд луѓето не мора да покажат документ за идентификација кога ја примаат вакцината. Многу компании и институции во земјава користат домашен сертификат за вакцинација, кој овозможува пристап до местата само за целосно вакцинираните лица. Околу 89 отсто од Новозеланѓаните се целосно вакцинирани. Со население од 5 милиони, земјата пријавила околу 12.500 случаи на ковид-19 и 46 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вучиќ: Купуваме 30 хеликоптери, ќе бидеме хеликоптерска велесила во регионот

Следно

Направете сами, домашен природен сок полн со витамини

Latest from Blog

Перишиќ се сели во Лондон

Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ одлучи кариерата да ја продолжи во Премиер лигата и тоа во екипата

MacedonianEnglishAlbanian