Кожухарова: Во Буарија е вакцинирано 30 отсто од населението, нема регистриран случај со сојот омикрон

1 min read

Во Бугарија е вакцинирано 30 отсто од населението, изјави за БНР епидемиологот проф. Мира Кожухарова, советник на Министерот за здравство.

Смртноста, според неа, се намалува, но и натаму таа е висока поради лошата здравствена состојба на Бугарите и проблемите во здравствениот систем.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Кожухарова смета дека во Бугарија случаите кои завршуваат фатално се кај невакцинирани пациенти и во ризичните групи.

– Четвртиот бран во Бугарија почнува да опаѓа, коментира проф. Кожухарова

Таа објасни дека во Бугарија се уште нема официјално регистриран случај на сојот омикрон.

Познатиот бугарски епидемиолог ја изрази својата загриженост дека новиот сој омикрон забрзано расте и додаде дека кога има голем број заразени, секогаш има потешки случаи. Затоа Кожухарова ги повика луѓето повеќе да се вакцинираат.

Таа го коментираше и одбивањето на бугарските пратеници да не се влегува во Народното собрание на Бугарија со зелен сертификат, оценувајќи дека епидемиолошкиот ризик воопшто не е мал и додаде дека оваа мерка треба да важи подеднакво за сите граѓани на земјата.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

УФЦ 269: Големо изненадување, Пења ја нокаутира шампионката Аманда Нуњез

Следно

Што ќе се случи ако изедете повеќе од седум мандарини дневно?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian