Ковачевски: Да ги засукаме ракавите и да се фатиме со работа, да работиме посветено и одговорно

4 mins read

Вечерва СДСМ е победник. Одржа уште една лекција од демократијата. Сега можеме да славиме за успешните избори, но од утре мора да ги засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Наша е одговорноста за се што ќе се случува во партијата, но и во државата, порача вечерва Димитар Ковачевски по изборот за претседател на СДСМ.

Ковачевски во обраќањето напомена дека секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда, државата оди напред.

-Затоа ни треба силен и обединет СДСМ кој има јасни цели и енергија за нивно спроведување. Ние сме столб на прогресивниот дел од општеството и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме посветено и одговорно. Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализација. Не чека напорна работа за да ја вратиме довербата на граѓаните и членството, истакна Ковачевски.

Тој му се заблагодари на досегашниот претседател на СДСМ, Зоран Заев не само зашто во својот мандат остварил многу значајни победи, туку и зашто со храброста сите ги мотивирал и инспирирал.

-Заев го консолидираше СДСМ во многу тешки услови, ги врати слободата и демоктатијата, со грашаните го сруши режимот на Груевски, воспостави едно општество за сите, ја внесе државата во НАТО и ја донесе пред портите за преговори на ЕУ, не научи што е лидерство, ни остави аманет да го продолжиме патот на демократскиот развој и ние од тој пат нема да отстапиме, рече Ковачевски.

Новиот лидер на СДСМ се осврна и на својата програма „Заедно, одговорно и посветено” која, како што потенцира, има три клучни принципи.

-Мора да го вратиме единството во партијата, мора да ги продолжиме социјалдемократски вредности и врз основа на нив да ги градиме државните политики, а за тоа ќе ни требаат најдобрите луѓе. Мора и да се даде фер шанса на сите што имаат професионален капацитет – да ја отвориме партијата за нови кадри и во државата и надвор од неа кои ќе донесат нов менталитет во управувањето и во партијата и во инстутициите. Да работиме со здружени сили, нашата земја да биде водена од социјалдемократските принципи, истакна Ковачевски.

Според него, во партијата секако ќе има место и за неговите противкандидати, Јован Деспотовски и Фросина Ременски, со кои, како што напомена, има одлични односни и одамна соработува.

На новинарско прашање околу македонско-бугарскиот спор доколку добие мандат за состав на новата влада, Ковачевски одговори дека во моментов земјава води разговори со Бугарија кои базираат на европски вредности и во нив се почитуваат донесените резолуции.

-Ќе продолжиме во тој дух. По четири позитивни последователни извештаи од Европската комисија, сега  е време ЕУ да определи датум за првата меѓувладина конференција и за почеток на преговорите, истакна Ковачевски.

Во врска со новите кадровски решенија во Владата и ресорите, тој рече дека ќе мора да се почека одлуката на партискиот Централен одбор.

-Веќе почнаа раговорите за преземање одговорности во новата влада што значи и преземање одредени позиции. Предлагањето на министрите, односно кадровските ршенија се прави од телата на партијата, посочи Ковачевски.

За партиското раководство, пак, и неговиот состав, Ковачевски е дециден дека ќе се избираат кадри кои на најдобар начин ќе ги отсликаат програмските определби на СДСМ.

Димитар Ковачевски е нов претседател на СДСМ

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Борис Џонсон им се обрати на Британците : Доаѓа силен бран на омикрон ! Вакцинирајте се со третата доза што е можно поскоро!

Следно

ВИДЕО: Реал покажа кој е „газда“ во Мадрид

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian