Кинеското Министерство за надворешни работи по повод неодамна одржаниот Самит за демократија, оцени дека Соединетите Држави ја „сведуваат демократијата на алати и оружје за спроведување на својата хегемонија“
Портпаролот на кинеското министерство во изјавата рече дека „во обид да повлечат идеолошки линии како домаќини на самитот, Соединетите држави се обиделе да ја спречат демократијата под изговор на демократијата, да поттикнат поделби и конфронтации и да го оттргнат вниманието од своите внатрешни проблеми. “
На виртуелниот самит за демократија на 9 и 10 декември, на покана на Бајден, учествуваа повеќе од 100 земји, но меѓу поканетите не беа Кина и Русија.
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи оцени дека „САД се обиделе да ја зачуваат својата хегемонија над светот и да го „поткопаат во корен“ меѓународниот систем со Обединетите нации во и меѓународен поредок заснован на меѓународното право“.
Потегот на Соединетите Држави, се додава во соопштението, „е спротивен на трендот и наидува на широко распространето противење од меѓународната заедница“, се вели во соопштението на кинеското министерство за надворешни работи
Во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи по повод Самитот за американската демократија се критикува американскиот изборен систем и се оценува дека САД не се „светилник на демократијата“ и дека „демократијата во американски стил отстапува од суштината на демократијата. “