Израелска студија: Три дози на Фајзер штитат од омикрон

1 min read

Израелските научници во саботата објавија дека откриле дека тројната вакцина на Фајзер против коронавирус обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон.

Заклучоците од студијата се слични на оние презентирани од  Фајзер претходно оваа недела, кои беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирус.

Студијата, спроведена од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на Министерството за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред 5-6 месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред еден месец.

„Луѓето кои ја примија втората доза пред 5 или 6 месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот“, им рече на новинарите Гили Регев-Јочај, директор на одделот за заразни болести во Шеба, додавајќи дека :

„Добрата вест е што со третата доза (способноста за неутрализирање) се зголемува стократно. Има значителна заштита со третата доза. Пониска е од способноста да се неутрализира делта варијантата, околу четири пати помала“.

ИЗВОР:  lokalno.mk

Претходно

Се појавива подваријанта на омикрон сојот кој е невидлив за ПЦР-тестот

Следно

Фото: Пешак прегазен во Карпош 4, поминувал улица на место каде нема пешачки премин

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian