Исидора Бјелица била убедена дека поради ова добила рак: Храната не е виновна!

2 mins read

Писателката Исидора Бјелица имаше само 53 години кога почина од рак. Пред тоа таа јавно проговори за оваа болест со која се бореше како лав.

По долгата и тешка битка со болеста, почина Исидора Бјелица!

Откако Светската здравствена организација (СЗО) објави дека колбасите, сланината и другите месни преработени производи се канцерогени, Исидора тие денови ги објавила овие зборови на социјалните мрежи:

„Не јадев ниту колбаси ниту сланина, ниту пушев цигари, ниту пиев алкохол… Тагата е најканцерогена, неа ја имав во галони…“

Писателката со години се бореше со ракот, а се лекуваше и во Швајцарија.

– Ракот е најлошата спонзоруша, троши нон-стоп. Живееме во страшно време, кога немаш пари за лекување – умираш. Бев на работ да умрам молкум, тивко, не признавајќи дека по две и пол години немам пари за лекување, но потоа сфатив дека немам право на тоа поради децата… – изјавила своевремено Исидора.

Деновиве на социјалните мрежи нејзините деца Вила и Лав споделија емотивни пораки упатени до нивната покојна мајка:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @vilapajkic

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lav Grigorije Pajkic (@lavpajkic)

Во 2012 година, на Исидора ѝ беше дијагностициран рак, поради кој беше подложена на хистеректомија (отстранување на матката и јајчниците). Покрај макотрпните болки, таа морала да се бори и со психата бидејќи ракот го сметала за елегантно самоубиство. Болеста ја принудила да продаде околу 3.000 ретки книги за да го плати лекувањето во странство. Иако во кревка здравствена состојба била принудена да работи, поради што болеста неколкупати се враќала.

Во 2015 година пејачот Владо Георгиев одржа хуманитарен концерт за да собере пари Исидора да оди на терапија во Швајцарија. Од тој момент многу познати личности ѝ понудија помош, а некои од нив се Јелена Карлеуша, Александар Шапиќ, Светлана Ражнатовиќ, Милица Дабовиќ, Огњен Амиџиќ, Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ итн. Писателката ја доживеала болеста како искушение којашто ѝ помага да станува подобра личност секој ден.

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Контроверзниот финиш на трката во која Ферстапен стана нов шампион

Следно

СОПРУГАТА НА АЛЕК БОЛДВИН: Не можам повеќе да молчам!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian