Г7 ја предупреди Русија на тешки последици доколку ја нападне Украина

1 min read

Шефовите на дипломатиите на групата седум најразвиени демократии (Г7) денеска ја предупреди Русија за „тешките последици” доколку претседателот Владимир Путин ја нападне Украина, се наведува во нацрт-изјавата што ја добија британските медиуми.

На самитот во северниот англиски град Ливерпул, претставниците на Г7 изјавија дека се обединети во осудувањето на руското трупање сили во близина на Украина и ја повикаа Москва да ја смири ситуацијата.

„Русија не треба да се сомнева дека натамошната воена агресија против Украина ќе има големи последици и голема цена”, се наведува во нацрт-изјавата, наведуваат извори од Г7.

Украина е во центарот на кризата во односите Исток-Запад и ја обвинува Русија дека собира десетици илјади војници кои се подготвуваат за можна воена офанзива од долг дострел.

Русија негира дека планира напад и ги обвинува Украина и САД дека се однесуваат дестабилизирачки и соопшти дека ѝ требаат пишани гаранции заради нејзианта безбедност.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ПОЧНУВА НАЈМОЌНИОТ АСТРО ПЕРИОД ОД ГОДИНАТА: Зошто 12.12. е најмоќниот ден во годината?

Следно

Мицкоски: Потребни се предвремени парламентарни избори

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian