Актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски е единствениот кандидат за лидер на денешниот 17. Конгрес на оваа партија кој се одржува во спортската сала „Јане Сандански“ во Скопје.
Првпат по 30 години оваа партија одржува конгрес во главниот град.
Пред четири години Мицкоски беше избран на функцијата на вонреден конгрес во Валандово.
Тој првите четири години од мандатот ги помина во опозиција. Ги изгуби претседателските избори во 2019 година и ланските парламентарни избори. Мицкоски беше против билатералните договори што ги постигна Владата со Грција и со Бугарија, посебно на Преспанскиот договор. Со изборните порази што ги прокнижи, доведоа до формирање повеќе струи во ВМРО-ДПМНЕ кои во повеќе наврати бараа реформи во партијата и оставка од Мицкоски.
Мицкоски е третиот на чело на ВМРО-ДПМНЕ, по Љубчо Георгиевски и Никола Груевски.
