ФОТО| Торнадо го уништи Кентаки: Фотографиите ја прикажуваат суровата реалност

2 mins read

Се стравува дека повеќе од 100 луѓе ширум САД загинале поради серијата торнада што го погодија централниот и јужниот дел на земјата. Снимките од дронови покажуваат целосно уништени пејзажите како резултат на ураганските ветрови.

торнадо Кентаки EPA-EFE/TANNEN MAURY

 

Меѓу урнатите згради се фабрика за свеќи во Кентаки, дом за стари лица во Арканзас и складиштето на Амазон во западен Илиноис.

„Пејзажот овде во Мејфилд се промени. „Гледаме целосно уништување што не е забележано во оваа област“, изјави командирот на полицијата во Кентаки.

Серијата од 30 торнада опустошија неколку градови низ Америка во текот на викендот. Најпогодена е сојузната држава Кентаки, во која загинаа над 80 луѓе.

торнадо Кентаки EPA-EFE/TANNEN MAURY

За неколку минути е уништена фабрика за цвеќиња во Кентаки, во која биле сместени 110 луѓе.

„Спасувачите успеаа да извлечат 40 луѓе. „Има најмалку 15 метри метал на врвот, буриња со корозивни хемикалии кои се складирани и ќе биде чудо ако се најде некој друг прешивеан “, изјави гувернерот на Кентаки, Енди Башир.

Дел од преживеаните изјавија дека работниците биле префрлени во безбедно подрачје пред да започне невремето.

торнадо Кентаки EPA-EFE/TANNEN MAURY

Официјалниот број на загинати во Кентаки не е објавен, а пријавени се смртни случаи во сојузните држави Арканзас – два, Тенеси – четири, Илиноис – шест и Мисури – две.

торнадо Кентаки EPA-EFE/ADDISON LEBOUTILLIER

Во округот Ворен, меѓу 12-те загинати во невремето има деца, потврдија локалните власти. Се претпоставува дека вкупниот број на жртви е над 100.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вознемирена скопјанка: Маж ја допрел на паркинг, па почнал да се самозадоволува

Следно

ВИДЕО | Владата ги слуша работниците: Со Синдикатите ќе ги најдеме решенијата за повисока минимална плата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian