ФОТО | Спојте ги дланките и откријте каква иднина ве чека во љубовта: Дали ќе се омажите, со кого…

4 mins read

Линиите на љубовта на дланките (исто така ги нарекуваат и линии на срцето) се спојуваат на три различни начини кога  отворените дланки ќе ги ставите една до друга.

1. Линиите се на иста висина
Оваа положба на љубовните линии покажува дека станува збор за интелигентен и организиран човек кој сака да има план за речиси сè и дека го следи. Лесно е можно да влезе во сериозна врска дури откако блиски луѓе ќе го поддржат во тоа.

Вие сте нежни, чувствителни, разумни, ја сакате рутината и избегнувате непланирани „авантури“. Најверојатно ќе влезете во брак за некој кој им е мил на сите и вашиот избор ќе биде одобрен од сите. А, тоа значи дека вашиот животен сопатник ќе го симпатизира и ќе го прифати и вашето семејство.

2. Линијата на десната дланка е повисока
Постои можност луѓето со вака наредени линии да влезат во љубовна врска со некој доста постар од себе. Имено, тие најдобро се чувствуваат во друштво на постарите и најдобро се прифатени. Имаат добро набљудување, одлично ги читаат туѓите емоции и не се замараат со туѓите мислења.

Најдобро се согласувате со постарите луѓе, така што би можеле и да се омажите за некој кој е значително постар од вас. Добро го проценувате карактерот на луѓето и ситуациите во кои се наоѓате, а што мислат другите за вас навистина не ви е важно. Дефинитивно не сте конзервативни и не ги следите општествените стандарди. Правете го она што го сакате, а не она што другите го очекуваат од вас.

3. Линијата на левата дланка е повисока
Ваквите линии откриваат страсни луѓе кои би можеле да започнат сериозна врска и со згоден странец. Тие се малку агресивни во животот кога се во прашање предизвиците.

Енергични сте и упорни, ги сакате предизвиците така што сакате љубовна врска преполна со страст. Во брак би можеле да влезете со некој кој е од друга земја. Вие сте со атрактивен физички изглед. Неустрашливи сте и сакате да ги истражувате неконвенционалните методи во сите аспекти од животот.

Еве што уште за љубовта можете да дознаете со погледот во дланката
Предност кај читањето од дланка се дава на десната рака. Ако е испрекината, тогаш станува збор е индивидуа растргната помеѓу независноста и сериозна љубовна врска. Ако на неа се наоѓаат помали линии кои се разгрануваат нагоре, тоа открива личност склона кон флерт.

Ако овие линии се разгрануваат кон надолу, тогаш тоа станува збор за човек чии емоции се повредени и поради тоа повеќе нема доверва во другите. Испрекинатата линија на срцето покажува колку е скршено нечие срце.

Некои љубовни линии се добро изразени, други едвај се гледаат и токму тие потенките ја означуваат емоционалната нестабилност. Темните дамки на линијата на срцето откриваат меланхоличен човек.

Покрај тоа, линијата на срцето може да биде подолга или пократка. Кај многу романтичните луѓе, линијата завршува помеѓу показалецот и средниот прст, а ако завршува под средниот прст, тогаш личноста е склона да ги држи емоциите во себе.

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Икарди е решението за проблемите во нападот на Јувентус

Следно

Државата воведува рестрикции, возачите бараат поголемо осветлување на автопатот меѓу Скопје и Велес

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian