ФОТО | Се радува како мало дете: Славниот рапер се разведе и прослави со журка!

2 mins read

Раперот Др Дре конечно и официјално се разведе од поранешната сопруга Никол Јанг, која минатата година го обвини дека ја злоставувал.

Парот се разведе по 24 години брак, а се води судската битка за поделба на имотот. Др Дре „тежи“ 800 милиони долари, а Никол од него бара алиментација во износ од два милиона долари месечно.

Др Дре ги негираше обвинувањата за злоставување на сопругата, велејќи дека таа измислува сè и дека тоа е дел од нејзината стратегија да го поништи предбрачниот договор.

Судејќи по фотографијата објавена на Инстаграм, Дре крајот на мачниот развод го дочекал со веселба.

На профилот на музичкиот менаџер Брејон Прескот, може да се види како раперот Др Дре позира покрај големите балони со пораката „конечно разведен“.

„Дре штотуку ми кажа дека разводот е финализиран! Честитки“, напишал Прескот и додал емотикон со шише шампањско.

Бројни коментатори исто така почнаа да му честитаат на раперот и да се шегуваат со ситуацијата.

„Остани сам, поевтино е“, „Се надевам дека организираше забава по повод разводот“, му пишуваат следбениците на социјалните мрежи.

Instagram
Фото: Инстаграм

Да потсетиме, Никол и Дре беа во брак 24 години и заедно имаат две возрасни деца, синот Трус и ќерката Трули, а Дре покрај нив има уште пет деца со други жени.

Никол, пред Др Дре, беше во брак и со НБА-ѕвездата Сесал Треат.

Сопругата го обвини Др. Дре за семејно насилство: Ми држеше пиштол во главата, ме удираше со тупаници

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

Снегот го одложи натпреварот во Струга

Следно

Папата Франциск повика на дијалог за решение на тензиите во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian