Дали е во ред да ги лажеме децата дека постои Дедо Мраз? Еве што велат психолозите

7 mins read

Како родители, знаеме дека Дедо Мраз не постои, но дали тоа значи дека споделувањето на овој мит со нашите деца е лажење? Ако Дедо Мраз не е дел од вашата семејна традиција или култура, тогаш нема ниту потреба да размислувате да го поттикнувате тоа верување кај вашите деца. Но, ако се мачите околу тоа дали да ја кажете вистината во врска со Дедо Мраз или не, можеби ќе ви олесни впечатокот дека тоа нема да и наштети на имагинацијата на вашите деца.

Дедо Мраз е само еден од многуте митови

Децата на возраст од четири, пет, шест, па и седум години, живеат во она што го нарекуваме магични години на живот во фантазија. Тие се под влијание на она што го гледаат и слушаат околу нив. Силно се возбудуваат од карактерите во нивниот живот, кои за нив имаат посебно значење“. Меѓу тие карактери се суперхероите, чудовиштата, животните, па дури и Дедо Мраз. Постојат многу начини да ги поттикнете вашите деца да бидат добри, а приказната за Дедо Мраз е само една од нив. Дедо Мраз за повеќето семејства е весел човек со помошници, кои им носи подароци на добрите деца. Се разбира, постојат приказни за јаглен во чорап за немирните деца, но тешко дека ќе најдете дете кое добило нешто такво утрото по Нова година. Она што родителите треба да го постигнат е вредноста која сакаат да ја постигнат во свеста на нивните деца, и дали тој мит поттикнува морал, велат психолозите.

Тоа е традиција

За многу семејства, возбудата да се оставаат колачиња за Дедо Мраз, станувањето рано наутро за да се отворат подароците и споделувањето на сето тоа оди во прилог на вербата дека Дедо Мраз е посебен и единствен во тоа семејство. Таа традиција е причината зошто толку родители ја кажуваат приказната за Дедо Мраз – затоа што и тие ја научиле додека растеле. Кога вашето дете ќе го пронајде подарокот под елката, ќе биде убедено дека тука го оставил Дедо Мраз, кој морал малку да побрза бидејќи има многу подароци и дека нема да стаса да ги подели сите за една ноќ.

Сосема е бесмислено на детето во тој момент да се обидете да му објасните дека Дедо Мраз не постои. Ако сѐ уште верува во него, тоа само значи дека се уште не дошол моментот да ја дознае вистината. Со други зборови, тоа значи дека сѐ уште му е потребен негов јунак! Затоа, подобро е да му ги оставите неговите фантазии, кои ионака на никого не можат да му наштетат, посебно не на него самиот!

Но, на крај ќе дојде и тој ден кога и самиот ќе почне да се сомнева во постоењето на добриот дедо од далекиот север. Кога ќе тргне во училиште, вашето дете ќе ги открие логиката и математиката и во неговиот свет се помалку ќе има место за имагинарното. На крај, ќе мора да сепак да се соочите со прашањата од типот: „Како ирвасите можат да летаат?“, „Како Дедо Мраз, така дебел, успева да помине низ оџакот?“ или „Како постигнува за една вечер да ги подели сите подароци?“

Кога ќе дознаат

Родителите се загрижени дека ќе мораат да ја прекинат магијата за нивните деца и да ја растурат сета нивна визија за Божик. Сепак, многу деца самите го дознаваат ова на возраст помеѓу седум и осум години, велат психолозите. И кога ќе дознаат, тие во основа не се збунети. Психолозите наведуваат дека кога децата ќе ја дознаат вистината можеби ќе се вознемират, но не толку колку што ќе се вознемират нивните родители.

Многу деца се во ред кога ќе дознаат дека митот не е вистински. Понекогаш родителите се чувствуваат многу лошо, затоа што сакаат нивните деца да продолжат да веруваат во Дедо Мраз. Можеби родителите го сакаат митот затоа што тоа прави тие да се чувствуваат убаво, или затоа што децата се разочарани од родителите кога самите ќе ја дознаат вистината. Децата сфаќаат дека родителите не се толку моќни, но тоа секако и ќе се случи во адолесценцијата. Многу родители се плашат за денот кога нивните деца ќе ја дознаат вистината.

Разговори за разочарувањата

Без разлика дали вашите деца сами ќе откријат, или од некое постаро дете на игралиштето или од вас, постојат начини да се справите со разочарувањето. Ако се вознемирени за тоа што сте ги лажеле, прифатете го разочарувањето и прашајте ги за нивните чувства. Можете да објасните дека Дедо Мраз е мит кој вашето семејство решило да го негува. Можете да им кажете „Дедо Мраз е дел од Божиќ, а ние веруваме во Божиќ“.

Психолозите препорачуваат споредба со приказните за првите паднати запчиња или за бајката за велигденското јајце, и да ги поттикнете вашите деца да ја запомнат забавата и возбудата која го прави тој настан толку посебен.

Децата исто така треба да имаат можност да откријат што значи Дедо Мраз за нив. Можеби ќе ги изненадат родителите кога ќе им откријат дека отсекогаш знаеле за тоа, но сепак, со радост ја играле играта.

Сѐ додека нивните деца не го дознаат тоа, родителите можеби ќе посакаат да уживаат во магичниот свет на Дедо Мраз, кој тие помогнале да се создаде. Се разбира, Дедо Мраз можеби вистински не постои, но вербата во него неколку години може да биде исклучително забавна, дури и за родителите.

 

 

 

 

Извор: www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО| Изгореа милионски вредни луксузни јахти во Тиват, се заканува истекување на нафта

Следно

Борис Џонсон им се обрати на Британците : Доаѓа силен бран на омикрон ! Вакцинирајте се со третата доза што е можно поскоро!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian