Билетите кои денеска беа пуштени за големото дерби во ракометната Суперлига помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар, се распродадоа за само еден час.
Управата на Е. Пелистер информира дека билетите кои утринава беа пуштени во продажба, се распродадени за само еден час што е најави дека домашните ракометари ќе имаат голема поддршка од своите навивачи на трибините. Натпреварот ќе се игра в среда во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Поради пандемијата на коронавирусот, салата ќе биде исполнета со 50% од капацитет за да бидат запазени сите протоколи, а сите гледачи ќе мора да покажат и сертификат за вакцинација.